Зеки Челик потпиша за Јувентус, „старата дама“ тргнува и по двоецот на Тотенхем
Зеки Челик е нов фудбалер на Јувентус. Турскиот десен бек потпиша договор со „старата дама“, која ќе го задржи во Торино до 30 јуни 2029 година.
Препорачано
Турскиот репрезентативец имал постигнат договор со Рома за продолжување на договорот, па дури се очекувало да се појави во тренинг-центарот Тригорија на почетокот на подготовките. Сепак, плановите на 29-годишниот дефанзивец кој настапуваше за Рома се промениле и сега ќе го облече црно-белиот дрес на Јувентус.
Zeki Celik is Bianconero! ⚪️⚫️
Welcome to Juventus, Zeki! 😁
🗞️ https://t.co/k1mBqXYwNQ pic.twitter.com/3muSnEoof0
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) July 16, 2026
Челик пристигнува во редовите на „старата дама“ со богато искуство кое го стекна со настапите во Франција и Италија. Откако се истакна во дресот на Истанбулспор, во 2018 направи трансфер во Лил, каде што помина четири сезони и ги освои француското првенство и францускиот Суперкуп.
Во 2022 година ја продолжи кариерата во Рома, а во меѓувреме ја зацврсти и својата улога како еден од најважните играчи во турската репрезентација, за која беше и капитен.
Иако трансферот е реализиран како слободен играч, Јувентус ќе ги покрие вообичаените административни и придружни трошоци за ваков тип трансфери, кои изнесуваат околу еден милион евра.
Јувентус отвори преговори со Тотенхем за две засилувања
Според „Ла Газета дело Спорт“, директорот на Јувентус, Џовани Карневали, имал директни разговори со тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, при што главни теми биле Гуљелмо Викарио и Ришарлисон.
Карневали, кој претходно беше директор на Сасуоло и токму тој го ангажираше Де Зерби во 2018 година, работеше со него три сезони на стадионот „Мапеи“.
Јувентус го посакува Викарио
Според истиот извор, Карневали стапил во контакт со Де Зерби за да ја испита можноста Тотенхем да го продаде италијанскиот репрезентативен голман Гуљелмо Викарио, кој стана главна цел на Јувентус за голманската позиција, откако Астон Вила јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде Емилијано „Дибу“ Мартинез.
Во разговорите бил споменат и бразилскиот напаѓач Ришарлисон, на кого му останува помалку од една година од договорот со Тотенхем и, според информациите, нема намера да потпише нов.
Извештајот наведува дека Тотенхем бара околу 25 милиони евра за 29-годишниот напаѓач, но Ришарлисон во моментов е само „план Б“ за Јувентус, кој и понатаму се надева дека ќе успее повторно да го ангажира Рандал Коло Муани од ПСЖ.
Интересно е што минатата сезона Ришарлисон постигна повеќе голови од Коло Муани. Бразилецот постигна 12 погодоци во дресот на Тотенхем, додека францускиот напаѓач стрелаше само пет пати.
Лаутаро во солзи по херојскиот гол против Англија: „Го сонував ова“


