Кара Делевињ / Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Кара Делевињ за зависноста: Продавав дрога, тоа што ќе останеше го користев сама

Моделот и актерка Кара Делевињ (33) отворено проговори за својата борба со зависноста, откривајќи шокантни детали од нејзиното минато, вклучувајќи трговија со дрога и тешки психотични епизоди.

Во неодамнешното појавување во поткастот „Викај ја тато“, моделот призна дека нејзината борба започнала со продажба на дрога за да ја финансира сопствената зависност.

„Продавав половина од дрогата, а остатокот го трошев, па во основа земав дрога бесплатно“, рече таа, додавајќи дека опијатите служеле како бегство од реалноста, притисоците од училиштето и комплицираниот однос со нејзината мајка.

Зависноста ескалирала до тој степен што земала ЛСД секојдневно, што довело до застрашувачки психотични епизоди.

„Мислев дека татко ми е Бог, а мајка ми е ѓаволот и дека морав да ја убијам за да го спасам светот“, откри таа.

Нејзините проблеми со менталното здравје започнале многу порано – на 15-годишна возраст доживеала тежок ментален слом со самоубиствени мисли, чувствувајќи се како нејзиниот свет да се распаѓа.

Пресвртница се случила во 2022 година, откако протекоа фотографии од неа како изгледа растроено на аеродром. Снимките ја поттикнале сериозно да го сфати своето закрепнување. Набрзо таа донела одлука да се отрезни и се приклучи на програма од дванаесет чекори, што се покажала како клучен чекор.

„Порано барав брзи решенија, но ова навлегуваше во сржта на проблемот. Спротивноста на зависноста е поврзаноста, а тоа го најдов во заедницата“, објасни таа.

Делевињ призна дека славата само ги влошила нејзините проблеми со менталното здравје, што ја правело да се чувствува најосамена на врвот од нејзината кариера.

Денес, таа е трезна и ја користи својата искрена приказна за да ја подигне свеста, да ја намали стигмата околу зависноста и менталните болести и да ги охрабри другите да побараат помош.

Кара Делевињ е подготвена да започне музичка кариера: „Тоа е мојот најголем страв и мојата најголема љубов“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот