Ендру Маунбатен-Виндзор на насловната страница на „Тајмс“ откако беше уапсен во февруари/Фото: Homer Sykes / Alamy / Profimedia

ФОТО | Нова фотографија од посрамотениот Ендру Маунбатен Виндзор, сите зборуваат за огромната модринка на неговото лице

Откако поранешниот принц Ендру вчера беше фотографиран со голема мистериозна виолетова модринка на десната страна од лицето почнаа да кружат разни теории. Модринката му го покривала десното око и поголемиот дел од образот. Посрамениот поранешен принц е фотографиран како вози во близина на неговиот нов дом Марш фарм на имотот Сандрингам, откако во февруари беше иселен од неговиот поранешен дом Ројал лоџ, објави „Дејли мејл“.

 

 

Останува нејасно како се здобил со повредата, но се смета дека нема причина за загриженост. Извор близок на Ендру рекол за „Дејли мејл“ рекол дека модринката „не е причина за загриженост“ и дека немало „никаква драма“. Тој одбил да открие дополнителни детали поради лекарска доверливост.

Во меѓувреме, истрагите на поранешниот принц Ендру и лорд Питер Манделсон околу нивната поврзаност со озлогласениот финансиер Џефри Епстин сè уште се во тек — и би можеле да траат повеќе од една година, соопшти шефот на Крунското обвинителство, пишува „Скај њуз“.

Ендру Маунтбатен-Виндзор и лорд Питер Манделсон беа уапсени во февруари под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Недолго потоа беа пуштени на слобода, а двајцата негираа какво било кривично дело.

„Навистина не мислам дека некој треба да очекува брзо решавање на истрагата. Воопшто не би било изненадувачки ако трае повеќе од една година, не поради недостаток на итноста, туку поради сложеноста, а и меѓународната димензија е дополнителен фактор што треба да се земе предвид. И покрај тоа што во некои случаи можете да добиете докази за еден час, тоа не е секогаш случај и мора да се поминат формални процедури кои понекогаш вклучуваат судови, а тоа може да има значително доцнење. Значи, сложено, долготрајно, но не недостасува итноста околу случајот“, рекол вчера директорот на јавното обвинителство Стивен Паркинсон.

Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин

Принцот Вилијам и принцезата Кејт за случајот Епстин: „Длабоко сме загрижени за откритијата, нашите мисли се со жртвите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот