Ова се најдобрите дестинации за прво заедничко патување во пар — два града во регионот се меѓу топ 5
Нов извештај за „Индексот на успешност на патување за парови“ ги откри најдобрите светски дестинации за прво заедничко патување во двојка, при што дури две дестинации од поранешна Југославија се најдоа меѓу најдобрите пет.
Препорачано
Истражувањето е направено како дел од концепт развиен од терапевтка за односи и сексуално здравје, Џорџина Вас, во соработка со модниот бренд „Пур Муа“, а анализата ја пренесе „Еуроњуз“.
Индексот ги оценува дестинациите според повеќе фактори, меѓу кои пристапност, безбедност, ниво на стрес поради гужви, квалитет на сон, удобност и можности за заедничко поврзување и искуства. Секоја дестинација е рангирана со оценка од 0 до 100, а конечниот резултат претставува просек од сите критериуми.
Италијанското езеро Гарда – најдобро за парови
Апсолутен победник на листата е езерото Гарда во Италија. Иако езерото Комо е попознато меѓу туристите и славните личности, Гарда е оценето како поромантично поради помалите гужви и порелаксирана атмосфера.
Според авторката на индексот, езерото добило максимални 100 поени во категоријата „поврзување“, благодарение на пејзажите и можностите за опуштање, а високи оценки и во делот „удобност и сон“. Локацијата е лесно достапна од Милано, Венеција и Верона.
Словенија и Црна Гора меѓу најдобрите во светот
На второ место се наоѓа езерото Блед во Словенија, едно од најпознатите туристички места во регионот и поранешна Југославија. Препознатливо е по малото острово во средината на езерото, до кое се стигнува со традиционални чамци наречени плетни или со поглед од околните видиковци.
Третото место го зазема Есауира во Мароко, позната по пристапноста и можностите за одмор на плажа, прошетки низ историската медина и традиционални хамами. Четврто е Гитхорн во Холандија, село познато по тоа што низ него се движи исклучиво со чамци или велосипеди, што му дава уникатен и мирен карактер. На петтото место се најде Котор во Црна Гора, уште една дестинација од поранешна Југославија. Посетителите таму можат да се искачат до тврдината и да уживаат во погледот кон Бококоторскиот залив, како и да прошетаат низ стариот град, кој е под заштита на УНЕСКО.
Меѓу првите дваесет најдобро рангирани дестинации се наоѓаат и Тулум, Санторини, Амалфи Коуст, Венеција, Дубровник, Кјото, Маракеш, Занзибар и други популарни светски туристички локации. Целата листа ги комбинира романтиката, пристапноста и искуствата што паровите можат да ги споделат, со цел да се процени каде најлесно се гради компатибилност при прво заедничко патување.
Топ 20 дестинации за прво заедничко патување во пар
1. Езерото Гарда, Италија
2. Блед, Словенија
3. Есауира, Мароко
4. Гитхорн, Холандија
5. Котор, Црна Гора
6. Тулум, Мексико
7. Санторини, Грција
8. Амалфи крајбрежје, Италија
9. Сејшели
10. Венеција, Италија
11. Дубровник, Хрватска
12. Квинстаун, Нов Зеланд
13. Чинкве Тере, Италија
14. Верона, Италија
15. Кјото, Јапонија
16. Маракеш, Мароко
17. Позитано, Италија
18. Мадеира, Португалија
19. Занзибар, Танзанија
20. Фарски Острови, Данска


