Диџеј Анастас - Фото: Приватна архива

ФОТО: Македонскиот диџеј Атанас засени илјадници, сега е во трка за настап на „Антолд“

Македонската електронска сцена бележи интернационален успех

Младиот 26-годишен диџеј и продуцент од Скопје, Атанас, кој настапувал со светски имиња како Арџи, Хугел и Ендру Мелер, како и колаборации со познатиот македонски диџеј Галоски, успеа да се пласира меѓу најдобрите на светско ниво. Тој е избран во програмата „Untold Creators by Visa“, организирана од фестивалот „Антолд“ во Трансилванија, Романија, кој важи за трет најголем фестивал во светот.

Во рамки на оваа програма, учесниците имале можност да работат и да учат од светски познати продуценти и ментори од електронската сцена, а како финален продукт од тие работилници ги снимиле своите авторски диџеј сетови.

Сега, во моментов е отворено официјалното гласање за најдобар диџеј сет, каде што поддршката од македонската јавност е најважна. Имено, само четворица од учесниците ќе добијат можност да настапат на некој од фестивалските стејџови на „Антолд“, додека само еден од нив ќе има ексклузивна чест да настапи на главната сцена пред десетици илјади луѓе, заедно со ѕвезди како Стинг, Мартин Гарикс, Кајго, Афроџек и Лост Фриквенсис. и многу други.

Во конкуренција од дури 11.366 апликации од целиот свет, Анастас е еден од само 25-те избрани диџеи кои ја добиле шансата да дебитираат на големата сцена. Ова е дополнителен успех со оглед на тоа што фестивалот „Антолд“ за првпат отвора простор за интернационални артисти кои не се од Романија.

Диџеј Анастас – Фото: Приватна архива

За да го поддржите македонски артист да стане дел од една од најголемите музички сцени во светот, можете да гласате на следниот официјален линк (потребно е да кликнете на Creators Work) :

Creators Work

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот