Симонида Селимовиќ, Дина Дума, Лабина Митевска и Вања Сремац / Фото: Dominik Bindl / Getty images / Profimedia

Блескава светска премиера на нашиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во Њујорк — овации од публиката на фестивалот „Трајбека“

Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, својот пат го започна од срцето на Менхетн. Филмот синоќа премиерно беше претставен на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк, кој се одржува од 3 до 14 јуни.

Проекцијата се одржа пред преполна сала на Менхетен, во рамките на фестивалот чиј основач е Роберт де Ниро. По прикажувањето на филмот, се одржа долга сесија на прашања и одговори, во која присутните упатиле пофалби за режисерката.

Во фокусот на дискусијата со Дума биле нејзината работа со актерската екипа и начинот на кој е постигната филмската автентичност.

Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е втор долгометражен игран филм на Дума, по нејзиниот наградуван дебитантски филм „Сестри“. Сценариото го потпишуваат Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Продуцентка е Лабина Митевска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Директор на фотографија е Фредерик
Ноаром, а во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

Македонски филм со светска премиера на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот