ВИДЕО | Ракета за деца и возрасни среде парк — „Орешник“ веќе вози посетители во Санкт Петербург
Во забавниот парк „Диво острово“ во Санкт Петербург е претставена нова атракција во форма на ракетата „Орешник“ и во боите на руското знаме, објавено е на веб-страницата на паркот.
Препорачано
„Орешник“ е балистичка ракета со среден дострел, која руската војска ја користи во војната во Украина.
Како што се наведува, посетителите на атракцијата можат да доживеат симулација на „издигнување во вселената“ и чувство „како кај космонаут-истражувач“, пренесува „Ведомости“.
Според описот, кабината се крева до висина од каде што почнува да се врти, откривајќи панорамски поглед кон паркот, по што следува слободен пад.
Новиот објект е меѓу најновите додатоци во паркот и веќе го привлекол вниманието на посетителите со своето име и изглед, а цената за едно возење изнесува 500 руски рубљи, односно околу шест евра, пишува „Ведомости“.
Името на атракцијата го привлече вниманието на јавноста, бидејќи „Орешник“ е и назив на руска хиперсонична балистичка ракета со среден дострел, за која руските власти наведуваат дека може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.


