Фирмата поради која Богоев е во притвор и годинава добила голем тендер од Царинската управа

„Ремондис Медисон“, фирмата поради која поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев се сомничи дека учествувал во местење на тендерска постапка, склучувала договори за јавни набавки и со новото раководство, објави телевизија Телма.

Оваа година еден од договорите на оцваа битолска фирмат, кој е и со највисока вредност од сите останати, е со Царинската управа.

Станува збор тендер за внатрешно одржување на хигиена на деловните објекти на управата, а договорот вреден од околу 420 илјади евра го потпишал наследникот на Богоев на функцијата, Бобан Николовски.

Но ова, како што се наведува, не е единствен договор потпишан од Николовски. И во јануари 2025 година „Ремондис Медисон“ била ангажирана од Царинската управа за внатрешно одржување хигиена и одвоз на смет на заеднички граничен премин Белановце Станчиќ, за околу 8000 евра.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истрага и предложи притвор против четворица, меѓу кои и поранешниот директор на Царинската управа. Меѓу лицата опфатени во истрагата се и експомошник-директор на Царината, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект.

„Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, додека второосомничениот, во својство на помошник-директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката“, наведоа од Обвинителството.

Стефан Богоев се гони дека примил награда од околу 1800 евра. Кривичниот суд на Богоев му одреди притвор од 30 дена во рамки на истрагата за местење на тендер вреден над 300 илјади евра кој го добила фирмата „Ремондис Медисон“ за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали.

Жалбата за притворот на Стефан Богоев сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот