Пукање во Сараево, тешко ранети се тројца мажи
Тројца се ранети во пукотница што се случила попладнево во близина на спомен-паркот Враца во Сараево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон, објавија босанските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во соопштението се наведува дека Полициската управа Ново Сараево била известена за употреба на огнено оружје во спомен-паркот Враца во 18:15 часот.
„Двајца мажи се лекуваат во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево“, соопшти сараевската полиција.
Во исто време, друг маж, кој најверојатно е поврзан со истиот инцидент, дошол во медицинската установа во Источно Сараево за да побара лекарска помош.
Според неофицијални информации што ги објавија сараевските медиуми, пукањето се случило за време на расправија меѓу неколку мажи.
Медиумските извештаи, исто така, укажуваат дека тие се во тешка состојба, но надлежните институции сè уште не објавиле официјални податоци за сериозноста на нивните повреди.
Мотивот за пукањето сè уште не е официјално потврден. Некои извори наведуваат дека инцидентот би можел да биде поврзан со акција против наркотици.
Крвава престрелка во Албанија — баран криминалец уби полицаец


