Крвава престрелка во Албанија — баран криминалец уби полицаец
Еден полицаец утринава бил убиен, а негов колега бил повреден, за време на вооружена престрелка со криминалец во албанското село Лоџан, по кој се трага 10 години, кога се обиделе да го уапсат, пренесува „Газета тема“.
Препорачано
Полицаецот Енеа Меколи, кој имал 34 години, бил смртно застрелан за време на полициската операција во селото кое се наоѓа блиску до градот Малиќ.
Осомничениот е идентификуван како Виоалнд Брачелари, 43 години, кој од 2017 година бил ставен на потерница од полицијата во Влора. Т0ј бил уапсен по престрелката.
Полицајците се приближиле, Брачелари почнал да пука
Според првичните изјави, полицијата добила информарции дека Брачелари се наоѓа во својот дом.
По лоцирањето, специјалните единици „Шќипоња“ изготвиле оперативен план и ја опколиле куќата за да го уапсат.
Во моментот кога полицајците се приближиле до објектот, осомничениот почнал да пука по нив.
Како последица, полицаецот Енеа Меколи загинал, а неговиот колега Едисон Адри бил повреден.
При престрелка во Лозница убиен еден полицаец, уште еден тешко ранет
Полицијата возвратила со оган и го ранила осомничениот напаѓач. На местото на настанот е формирана истражна екипа за целосно расветлување на околностите.
Кој е убиецот?
Брачелари не е непознат за правосудните органи. Според одлука на Врховниот суд од 25 јануари 2024 година, тој претходно бил осуден за кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“, извршено во соучество.
Според пресудата, Основниот суд во Корча на 19 декември 2017 година го прогласил Брачелари за виновен и го осудил на 10 години затвор.
Во судското досие се наведува кривична постапка од 2015 година, во која Брачелари бил обвинет за производство и за продажба на дрога. При тогашните претреси во неговиот дом биле пронајдени растителни остатоци за кои се сомневало дека се канабис сатива.
Судот како докази ги земал и комуникациите пронајдени во неговиот телефон, во кои имало разговори за сушење и за транспорт на дрога, како и фотографии кои документирале плантажа, берба, сушење и транспорт.
Во образложението на првостепената пресуда се наведува дека Брачелари бил осуден и во 2013 година за кривично дело „одгледување наркотични растенија“, извршено во соучество.
По жалбата поднесена од Брачелари, Кривичниот колегиум на Врховниот суд на 25 јануари 2024 година го одбил барањето, со што останала во сила пресудата на Апелацискиот суд во Корча.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6сек
-
5мин
-
10мин
-
13мин
-
14мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


