Александар Вучиќ / Фото: Фејсбук / скриншот

Српските безбедносни служби му рекле на Вучиќ да не оди во Црна Гора

Безбедносно-информативната агенција на Србија соопшти дека официјално го советувала српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора, откако било утврдено постоење висок безбедносен ризик, пренесе РТВ.

Во соопштението објавено на веб-страницата на БИА се наведува дека, според оперативните сознанија на агенцијата, водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер се наоѓа во Црна Гора.

Од БИА додаваат дека безбедносната проценка, која повеќепати била побарана од службата на домаќинот на собирот во Црна Гора, не била доставена до српската агенција, спротивно на, како што велат, сите правила на професијата и одговорниот однос.

„Од причини од највисока важност за работите доверени на Безбедносно-информативната агенција, соопштуваме дека е неопходно да се огласиме дека поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора, Безбедносно-информативната агенција официјално го советуваше претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора, бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“, се наведува во соопштението.

Вучиќ требаше да присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тиват денеска и утре.

Французите ја информирале Црна Гора за авионот со наводните криминалци од Србија?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот