ВИДЕО | Перез се пофали со снимка од Мурињо, а Португалецот тврдел дека во прашање е вештачка интелигенција
Португалскиот тренер Жозе Мурињо стапил во контакт со челниците на Бенфика за да ги увери дека нема никаква поврзаност со видеото кое се појави на интернет, а во кое е прикажан облечен во дресот на Реал Мадрид. Според информациите на португалските медиуми, Мурињо објаснил дека станува збор за монтажа изработена со помош на вештачка интелигенција.
Препорачано
Контроверзната снимка била објавена на веб-страницата на Флорентино Перез во рамките на неговата кампања за нов претседателски мандат во Реал Мадрид. Во видеото, искусниот стратег е прикажан во опремата на мадридскиот клуб и кратко изговара само „да“.
Покрај тоа додадена беше и порака:
„Има уште многу историја што треба да се напише“.
Целиот случај дополнително привлече внимание бидејќи видеото се појави во момент кога противкандидатот на Перез, Енрике Рикелме, гостувал во телевизиска емисија каде што ги претставувал своите идеи за иднината на Реал Мадрид и плановите за засилување на тимот.
MOUcha historia por hacer. pic.twitter.com/7wLmDk8r2M
— Florentino 2026 (@Florentino2026_) June 3, 2026
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
8мин
-
23мин
-
24мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


