Един Авдиќ Фото: Принтскрин/Јутуб

Позната причината за смртта на Един Авдиќ

Спортскиот новинар и коментатор Един Авдиќ ненадејно почина вчера на 47-годишна возраст.

Како што пишуваат медиумите во БиХ, Авдиќ починал во својот стан во Белград, како последица на проблеми со срцето.

Авдиќ е роден на 19 јуни 1979 година во Сараево и е најпознат по своите преноси од кошаркарски натпревари и неговото детално познавање на НБА и европската кошарка.

Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, а пред новинарската кариера, активно се занимавал со кошарка во младинските тимови на КК Босна.

Ненадејно почина Един Авдиќ, познатиот новинар и коментатор на „Арена спорт“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот