Фото: РФМ

Македонија го освои 20. место на младинското ЕП во Романија

Македонската младинска машка ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со пораз од Србија (30-34), со што го освои 20. место на континенталниот собир.

Српските ракометари уште во првото полувреме ја презедоа контролата врз натпреварот и на паузата заминаа со убедлива предност од 20-12. Во продолжението избраниците на Македонија заиграа далеку подобро и успеаја да ја намалат негативата, но немаа доволно сили за целосен пресврт.

Најефикасен во македонскиот состав беше Крстевски со 11 погодоци, додека Ѓурмешевиќ додаде седум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот