Фото: Screenshot/FB

Вардар „олеснет“ за 15 илјади евра поради срамната прослава на шампионската титула

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го казни ФК Вардар со 15.000 евра.

Причина за санкцијата е скандалозната прослава на шампионската титула, по натпреварот со Струга ТЛ и беше пренесено на социјалните мрежи, а во кое беше спомената и македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева. Снимките од прославата предизвикаа бројни реакции во јавноста и отворија дебата за однесувањето на учесниците во прославата.

Од ФФМ оценија дека ваквото однесување е недолично и спротивно на вредностите што треба да ги промовира спортот, па затоа му изрекоа парична казна на најтрофејниот македонски клуб.

ВИДЕО | Фудбалерите на Вардар пеат вулгарна песна за Битола, покажаа како не треба да се слави титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот