Лекар мери крвен притисок на пациентка/Фото: Kzenon / Alamy / Profimedia

Нутриционистите открија кој е најдобар пијалак за намалување на крвниот притисок

Дијагнозата за висок крвен притисок е предупредување посериозно да почнете да се грижите за своето здравје. Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, е поврзан со зголемен ризик од развој на срцеви болести и мозочен удар, поради што е важно да се преземат чекори за да се држи состојбата под контрола.

– Бидејќи станува збор за комплексна состојба, нејзиното лекување често бара комбинација од промени во животните навики и лекови кога е потребно – рекла Алисон Меклафлин, клиничка диететичарка во Центарот за исхрана „Франсес Стерн“ во Медицинскиот центар Тафтс.

Иако постојат многу начини за намалување на крвниот притисок, еден пијалaк особено се истакнува со својот позитивен и силен ефект, сметаат нутриционистите кои зборувале за „Парада“. Станува збор за сокот од цвекло.

– Цвеклото е извор на нитрати кои телото ги претвора во азотен оксид. Тоа може да ги опушти и прошири крвните садови, да го подобри протокот на крвта и да го намали притисокот во крвните садови – рекла Џулија Зумпано, нутриционистка во клиниката Кливленд.

Никол Роуч, главна диететичарка во болницата Ленокс Хил, исто така, го препорачува сокот од цвекло.

– Цвеклото содржи и калиум, уште еден електролит кој придонесува за намалувањето на крвниот притисок – рекла таа.

Иако и консумирањето цвекло може да има одреден ефект на крвниот притисок, „сокот од цвекло е поконцентриран извор на нитрати“, објаснила Зумпано.

Цвеклото е исто така богато со антиоксиданти и влакна, што дополнително придонесува за здравјето на срцето и крвните садови, додала нутриционистката Мери Москера Кохран од Медицинскиот центар на Универзитетот во Охајо.

Не постојат голем број истражувања што го потврдуваат ефектот на сокот од цвекло на крвниот притисок, но неколку мали клинички студии покажале ветувачки резултати.

Едно истражување од 2019 година следело здрави испитаници кои пиеле или сок од цвекло или плацебо пијалак од цвекло од кој биле отстранети нитратите. Истражувачите утврдиле дека кај испитаниците кои пиеле вистински сок од цвекло, систолниот крвен притисок (горен крвен притисок) се намалил во просек за 5,2 mmHg по само 30 минути.

Напомена: Ако имате висок крвен притисок, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот