Аеродромот во Тиват / Фото: Алина Териохин / „Гугл мапс“

Французите ја информирале Црна Гора за авионот со наводните криминалци од Србија?

Разузнавачките и безбедносните служби на Франција ги информирале своите колеги во Црна Гора за пристигнувањето на група луѓе од Србија кои наводно се од криминалното милје, претежно познати по нивните врски со владејачката Српска напредна партија на Александар Вучиќ, со чартер-лет до Тиват, објави Антена М повикувајќи се на „повеќе добро информирани извори“.

Француската компанија „Винчи“ која управува со аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, прва добила информации за овој чартер-лет. Преку офицерот за врска, таа ја известила француската разузнавачка единица ДГСЕ (Генерален директорат за надворешна безбедност), која ги алармирала црногорските власти.

Инаку, на самитот во Тиват доаѓа и францускиот претседател Емануел Макрон, па затоа зголемената будност на француските служби е логична последица.

Црногорската полиција и Агенцијата нза национална безбедност официјално објавија дека „денеска, како дел од обемните, континуирани и интензивирани активности што ги спроведуваат по повод самитот ЕУ-Западен Балкан, на граничниот премин на аеродромот Тиват, биле спроведени засилени гранични и безбедносни контроли, при што бил одвоен и ставен под контрола чартер лет на релација Белград-Тиват, кој превезувал 87 граѓани на Република Србија во Црна Гора“.

Извори блиски до Полициската управа на Црна Гора наведуваат дека меѓу патниците имало луѓе со криминално досие, за кои постоело сомневање дека пристигнале неформално за да го обезбедат престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на Самитот на Европската унија и Западен Балкан во Тиват мкој ќе се одржи во петок, на 5 јуни.

Полицијата истакнува дека, во рамките на активностите насочени кон зачувување на стабилна безбедносна средина, безбедносните служби навремено идентификувале луѓе од безбедносен интерес и, во согласност со законските овластувања и проценетите ризици, презеле соодветни службени мерки и дејствија, со што им е спречено на наведените лица да останат на територијата на Црна Гора, со врачување на решение за забрана за влез. 

87 Срби со криминално досие од аеродромот во Тиват се вратени во Белград — имале задача да го обезбедуваат Вучиќ?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот