Албанија - Фото: pexels-fatjon-kapllanaj

Понесени од брановите, две момчиња од Косово се удавија во Албанија — други три се во тешка состојба

Трагедија се случи во Шенѓин, Албанија, каде што пет млади момчиња од Косово влегле во морето за да се искапат, но биле однесени од брановите создадени од силниот ветер, јавуваат албанските медиуми.

Двајца од нив се удавиле, додека другите тројца се во тешка состојба.

Во официјалното соопштение, полицијата на Лежа напиша дека благодарение на непосредната реакција на граѓаните со џет-скии, во соработка со полициските служби, биле извлечени од морето, а потоа биле итно пренесени во болница.

Околу 16:30 часот, полициските служби добија известување дека во месноста Рана е Хедун, во Шенѓин, некои граѓани кои влегле во морето за да се искапат, како резултат на брановите предизвикани од силниот ветер, се нашле во тешкотии и биле во опасност од давење.

Веднаш по приемот на известувањето, службите на Граничната полиција, службите на Локалната дирекција на полицијата во Лежа, како и оние на итната помош, се упатиле кон местото.

Загина спасувач додека ги бараше телата на петтемина Италијанци на Малдивите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот