Канје Вест / Фото: EPA/ALLISON DINNER

Холандија му дозволи на Канје Вест да ги одржи концертите

Судот во Амстердам ја отфрли жалбата на еврејската организација и му дозволи на Канје Вест да настапи на 6 и 8 јуни во Холандија, пренесуваат странските медиуми.

Во итното барање од Централниот еврејски совет се тврди дека на Вест не треба да му биде дозволено да влезе во земјата поради антисемитски изјави во минатото, вклучително и изразување восхит кон Адолф Хитлер и продажба на маици со свастики. Но, окружниот суд во Амстердам процени дека нема основа да му се забрани настап.

„Нема индикации дека присуството на Вест во наредните денови ќе доведе до конкретни закани за јавниот ред“, се вели во пресудата.

Претседателката на Централниот еврејски совет, Чанан Херцбергер, за „Асошиејтед прес“ изјави дека организацијата е разочарана од пресудата: „Имаме чувство дека е во ред ако сте антисемитски настроени“.

Притисокот врз холандските власти е зголемен во последните денови, а пратениците го поддржаа предлогот за забрана на Вест во земјата. Сепак, министерот за имиграција, Барт ван ден Бринк, минатата недела им рече на новинарите дека нема законска основа за таква мерка, иако неговите изјави се за осуда и нема причина да му се забрани влез.

Со овие настапи, Вест треба да ги има своите први европски концерти по повеќе од десет години. Во април, поради истите изјави, му беше забранет влез во Велика Британија, по што беа откажани и настапите во Италија и Полска.

Организаторите велат дека за двата концерта во Гелредом, сала во Арнхем на истокот од Холандија, биле продадени 70.000 билети, додека повеќе од 100.000 обожаватели присуствувале на неговиот настап во Истанбул во саботата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот