Канје Вест/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

По Велика Британија и Полска го забрани концертот на Канје Вест

Стадионот „Шласки“ во Полска објави дека ќе го откаже концертот на американскиот рапер Канје Вест, неколку дена откако неговиот настап во Франција беше одложен, среде гневот поради неговите минати антисемитски коментари и величење на нацизмот, пренесуваат странските медиуми.

– Ве информираме дека концертот на Је (Канје Вест) закажан за 19 јуни 2026 година на стадионот „Шласки“ нема да се одржи од формални и правни причини – напиша директорот на стадионот Адам Стржижевски на Фејсбук.

Одлуката на стадионот во западниот град Чорзов, за која првпат објави онлајн весникот „Виборча“, доаѓа нешто повеќе од една недела откако Велика Британија го блокираше 48-годишниот Американец да патува таму како главен изведувач на фестивал.

Раперот сè уште не ја коментирал одлуката на Полска. Канје, познат како Је, се извини во јануари за своето однесување, кое го припиша на нелекувано биполарно растројство, откако се соочи со жестоки критики. Полските власти претходно изјавија дека ќе бараат забрана за концертот, закажан за 19 јуни.

– Во земја обележана со историјата на Холокаустот, не можеме да се преправаме дека ова е само забава – изјавила во четврток полската министерка за култура Марта Ценковска.

На Је му беше забранет влез и во Австралија минатата година откако објави песна на својата веб-страница во која го промовираше нацизмот и рекламираше маички со свастики. Тој досега годинава настапуваше во Соединетите Држави и Мексико Сити, а сè уште има планови за неговите концерти во Европа и Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот