ВИДЕО | Необична сцена во НБА: навивач втрча на теренот, сакаше да прави селфи
Необичен инцидент го одбележа првиот натпревар од финалната серија во НБА лигата меѓу Сан Антонио и Њујорк, кој заврши со победа на гостите од 105:95.
Препорачано
Во самиот финиш на средбата, еден навивач втрча на теренот со намера да се фотографира со првата ѕвезда на Сан Антонио, Виктор Вембањама. Неговата авантура траеше кратко, бидејќи обезбедувањето веднаш интервенираше и го отстрани од паркетот.
Францускиот кошаркар по мечот призна дека бил затекнат од потегот на навивачот.
„Никогаш претходно не сум се нашол во таква ситуација. Не знаев како да реагирам. Искрено, ме изненади речиси исто колку и моментот кога лилјак влета на теренот“, изјави Вембањама.
Со оваа споредба тој потсети на необичната сцена од 2024 година, кога за време на натпревар против Минесота, маскотата на Сан Антонио бркаше лилјак низ салата, настан кој тогаш стана вистински хит меѓу љубителите на НБА.
Only in the NBA Finals.
A fan ran onto the court to take a selfie with Victor Wembanyama.
The best part?
Wemby appeared to be smiling through the whole thing while security scrambled to catch up. pic.twitter.com/mecYCY8blc
— SpursRΞPORTΞR (@SpursReporter) June 4, 2026
ВИДЕО | Вемби не можеше сам, Њујорк со пресврт до брејк и водство во финалето


