Aлбанија - Израел/EPA/MALTON DIBRA

ВИДЕО | Тензии на дуелот меѓу Албанија и Израел во Тирана — навивачите ја исвиркаа гостинската химна

Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Албанија и Израел, одигран синоќа во Тирана, заврши со победа на гостите од 1-0, но беше обележан со наелектризирана атмосфера и на теренот и на трибините.

Уште пред почетокот на дуелот, израелските фудбалери беа пречекани со негодување. За време на интонирањето на националната химна на Израел, околу 6.600 навивачи на стадионот „Ер Албанија“ испратија свирежи.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 73. минута, кога Оскар Глух погоди од левата страна и му донесе водство на Израел. По голот, тој трчаше покрај аут-линијата и со гест со прст ги „замолкнуваше“ домашните навивачи.

Неговиот потег не му се допадна на албанскиот репрезентативец Ељсеи Хисај, кој веднаш истрча кон него со намера да се пресмета. За среќа, соиграчите брзо интервенираа и спречија поголем инцидент, а судијата на крајот им додели жолти картони и на Глух и на Хисај. Тоа беа и единствените опомени на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот