Макрон ќе го одликува Милатовиќ со Голем крст на Легијата на честа
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Цетиње ќе му го врачи Големиот крст на Легијата на честа, највисокото одликување на Француската Република, на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, пренесува РТЦГ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ова е прва официјална посета на француски претседател на Црна Гора, што на овој настан му дава посебно историско и политичко значење. Макрон пристигнува еден ден пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, најголемиот дипломатски настан кај нас, на кој ќе се соберат европските и регионалните лидери.
„Овој чин ги надминува рамките на државниот протокол и претставува силна порака за почит кон претседателот Милатовиќ и Црна Гора, нејзината европска ориентација и местото што денес го зазема меѓу европските партнери“, соопшти Кабинетот на црногорскиот претседател, пишува порталот Аналитика.
Легијата на честа, основана од Наполеон Бонапарта, е највисокото национално одликување на Франција и едно од најпрестижните почести во светот. Нејзини носители низ историјата биле истакнати државници, воени водачи, научници, уметници и личности кои ги одбележале своите епохи.
Големиот крст на Легијата на честа, како негов највисок степен, се доделува за исклучителни заслуги и придонес во зајакнувањето на меѓународните односи и вредностите што ги поврзуваат народите.
Кралот Чарлс III, Ангела Меркел и Јосип Броз Тито се меѓу најпознатите државници кои го добиле ова највисоко француско одликување.
Милатовиќ на Макрон ќе му го врачи Орденот на Црна Гора, највисокото државно одликување на оваа земја.
Денеска и утре во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан, еден од најважните регионални политички настани во последните години. Домаќин е Црна Гора, а учество ќе земат лидерите на шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, како и високата претставничка за надворешна политика Каја Калас.
Темата на самитот е „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“, но вистинската тема ќе биде проширувањето. По години на застој, Брисел се обидува да испрати порака дека членството во ЕУ повторно е реална перспектива. Антонио Кошта непосредно пред самитот порача дека „моментумот е тука“ и дека ЕУ останува целосно посветена на интеграцијата на регионот.
Вучиќ го нарече Трамп „убедливо најпопуларниот политички лидер на САД во Србија“


