Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев / фото: Википедија

Ковачев: Скопје да престане да ја префрла одговорноста на Бугарија и да го користи „лошиот источен сосед“ како изговор

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од групата на Европската народна партија, по вчерашниот состанок на Комитетот за надворешни работи ( АФЕТ) во Европскиот парламент, на кој беше усвоен извештајот на известувачот за Македонија Томас Вајц за напредокот на земјава, изјави дека е време Скопје да престане да го користи „лошиот источен сосед“ како изговор и да ја префрла одговорноста на Бугарија.

– Убеден сум дека во Скопје многу добро разбираат што треба да направат – да почнат да ја спроведуваат преговарачката рамка што самите ја усвоија и која е основа на нивниот европски пат. Време е да престанат да го користат „лошиот источен сосед“ како удобен изговор и да ја префрлат сопствената одговорност врз Бугарија. Вистината е јасна – нема вето од Бугарија. Постојат европски услови, договорени и прифатени од сите земји-членки, вклучително и самата Северна Македонија. Додека овие обврски не се исполнат, не може да има напредок кон членство. Не поради Бугарија, туку поради одбивањето на владата во Скопје да ги спроведе обврските што ги презеде – изјави Ковачев по изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија од страна на Комитетот.

Во овој момент нема услови за уставни измени, изјави Муцунски и најави можна средба на високо ниво следната недела во Софија

Тој порача дека европската интеграција бара реформи, спроведување на преземените обврски и почитување на добрососедските односи.

– Европската интеграција бара реформи, спроведување на преземените обврски и почитување на добрососедските односи. Сè друго е обид да се одвлече вниманието од вистинскиот проблем – рече Ковачев.

Вчера во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) во Европскиот парламент, со 43 гласа „за“ и 17 „против“ беше усвоен извештајот за Македонија, во кој се порачува дека напредокот во реформите е недоволен и дека во земјава постои силна политичка поларизација. Европратениците предупредија на опасноста од малигно странско мешање и кампањи за дезинформации.

Усвоени беа 11 компромисни амандмани, чија содржина досега не е објавена, како и два амандмани на бугарските европратеници кои бараат резултати од историската комисија со Бугарија и имплементација на протоколите.

Подготвена ли е ЕУ за прием на нови членки?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот