Филмско апсење во Загреб: мртов пијан седел на клупа во парк со бомба во рака
Загрепската полиција вчера попладне уапси 30-годишен маж на Пешченица откако граѓани пријавиле дека седел во паркот со експлозивна направа во рака, пишуваат хрватските медиуми.
Препорачано
Подоцнежната проверка утврдила дека станува збор за бегалец по кого веќе се распишани дури пет потерници и кој претходно ѝ бил добро познат на полицијата за бројни кривични дела и прекршоци.
Иако полицијата не го прецизираше видот на направата во официјалното соопштение, хрватските медиуми неофицијално дознаваат дека мажот имал бомба со себе.
Полицијата добила дојава за маж кој седел на клупа во парк на улицата Андриловечка со сомнителна направа околу 17:15 часот.
Патролите веднаш излегле на терен и пронашле маж кој целосно одговарал на описот.
Покрај експлозивната направа, која веднаш му била одземена, полицајците кај него пронашле и два остри предмети. При апсењето, исто така, било утврдено дека 30-годишникот бил во состојба на тешко пијанство.
Во текот на постапката, на 30-годишникот му била измерена концентрација на алкохол од 2,14 промили, по што е задржан во полициските простории додека не се отрезни, а потоа бил одведен во затвор.


