Бронзен медал за текводистката Мила Рељиќ од Европскиот куп во Германија
Нов голем успех за македонската теквондистка на меѓународните турнири, Мила Рељиќ успеа да се закити со бронза на Европскиот куп во Нирнберг, Германија.
Препорачано
Рељиќ во првото коло ја победи Натали Тадиќ од Хрватска со 2:0 во рунди, а во второто беше поуспешна од Ингибјорд Греташтодир од Исланд.
Во полуфиналната борба Рељиќ се сретна со олимписката шампионка од Париз, Вивијана Мартон од Унгарија од која загуби со 2:0 во рунди. Иако за половина час Рељиќ имаше три тешки борби, сепак достојно се држеше со најдобрата во светот.
Во борбата за медал по исцрпувачка борба со Олимпијката Чаима Тоуми од Тунис, нашата натпреварувачка во последната секунда успеа да изнуди петта техничка грешка и така со 2:1 во рунди освои бронзен медал.
Ова се нови 14,4 поени кои ќе се придодадат на новата ранкинг листа која стартува на 1 јули за поени за Лос Анџелес 2028 и поените на Рељиќ ќе се вратат во нејзината олимписка категорија -57 со која направи извонреден резултат во Париз 2024 на Олимписките игри.
Имено во петокот Рељиќ се бореше и на Гранд При Г-6 митингот во Рим, Италија, во -67кг која е превисока категорија за нејзе и во првото коло загуби од олимписката вицешампионка Александра Перишиќ од Србија со 2:0 во рунди, иако и таму има освоено 6,5 поени тие нема да се сметаат за нејзината олимписка категорија.


