Фото: Атлетска Федерација на Македонија

Брајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина

Македонската атлетика доби уште едно историско достигнување, на Националното Првенство за Младинци до 20 Години, Брајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со извонреден резултат од 7,11 метри.

Со овој скок, Авиа го собори досегашниот младински национален рекорд од 7,05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.

Атлетската Федерација на Македонија упатува честитки до Брајан Авиа за овој голем успех, како и до неговиот тренер и клуб за одличната работа и посветеност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот