Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Од следниот месец парното поскапува за речиси шест отсто

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената на парното греење, а новиот ценовник ќе стапи во сила од 1 август.

Најголемо поскапување ќе има за околу 60.000 граѓани кои се корисници на ЕСМ Снабдување, каде зголемувањето на цената е 5,96 отсто, понатаму за корисниците на ЕСМ Еенергетика или „железарско парно“ поскапувањето е 5,18 проценти, додека пак за корисниците на ЕнергоЕколог поранешно Скопје Север, покачувањето е најмало и изнесува 3,65 проценти.

Од РКЕ соопштија дека според нивните пресметки, за просечен стан од 60 квадратни метри, цената на парното греење ќе биде зголемена за 140 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот