„Ауди“ сече трошоци и менува стратегија по падот на продажбата
Германскиот автомобилски гигант Ауди најави големо реструктуирање во соработка со матичниот Фолксваген, откако слабата продажба во Кина и САД создаде сериозен притисок врз бизнисот. Финансискиот директор на Ауди, Јирген Ритерсбергер, изјави дека компанијата мора да го промени деловниот модел и да спроведе структурни реформи за да остане конкурентна на глобалниот пазар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Групацијата Ауди, во која се вклучени и брендовите Ламборџини, Бентли и Дукати, во првата половина од 2026 година оствари приходи од 29,2 милијарди евра, што е пад од 10 проценти во споредба со истиот период минатата година. Главниот удар врз резултатите дојде од послабата побарувачка на двата клучни пазари – Кина и САД, каде конкуренцијата станува сè посилна, особено од кинеските производители на автомобили – објави Ројтерс.
И покрај падот на приходите, оперативната добивка на Ауди порасна за три проценти, достигнувајќи 1,1 милијарда евра, што компанијата го поврзува со строгата контрола на трошоците. Дополнителен проблем претставуваат високите производствени трошоци, американските царини и притисокот од брзиот развој на кинеската автомобилска индустрија. Фабриката на Ауди во Некарсулм веќе го намали производствениот капацитет и се соочува со неизвесност по 2030 година.
Аналитичарите оценуваат дека реструктуирањето ќе биде клучен чекор за Ауди и Фолксваген во обид да ги намалат трошоците и да ја вратат позицијата на премиум автомобилскиот пазар.


