Пожар накај Визбегово- Фото Слободен печат - Методи Здравев
Пожар / илустрација / фото: Слободен печат / Методи Здравев

Големиот пожар кај Прилеп опустоши нива со лешници, изгоре и викендичка

Викенд-куќа и нива посадена со 25 декари лешници вчера изгореле во големиот пожар кој ја зафати месноста Заград кај Прилеп.

Пожарот избувнал околу 16:16 часот и зафатил сува трева, според информации од Министерството за внатрешни работи. Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп успеала да го изгасне пожарот, а случајот бил пријавен во ОВР Прилеп.

Од прилепската локална самоуправа апелираат жителите и сите сопственици на имоти, објекти и викенд-куќи во овој дел на општина Прилеп да бидат особено претпазливи, редовно да ја следат состојбата на своите имоти и да постапуваат согласно со препораките на надлежните институции, особено доколку дојде до повторно активирање или проширување на пожарот.

Локализиран пожарот кај Прилеп, нема опасност за манастирот „Трескавец“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот