Пожар накај Визбегово- Фото Слободен печат - Методи Здравев
Пожар / илустрација / фото: Слободен печат / Методи Здравев

Локализиран пожарот кај Прилеп, нема опаснот за манастирот „Трескавец“

Локализиран е пожарот кој беше регистриран во месноста Заград-Варош над Прилеп, благодарение на брзата, навремена и професионална интервенција на прилепската Територијална противпожарна единица, информираа синоќа од прилепската локална самоуправа.

Со навремено дејствување е изграден заштитен појас, со што во моментов нема опасност пожарот да се приближи кон манастирот „Трескавец“.

На терен и понатаму остануваат дежурни екипи на ТППЕ Прилеп, како и членови на Универзалната единица за заштита и спасување од јавните претпријатија, сертифицирани за справување со пожари. Сите активности се одвиваат во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, со Центарот за управување со кризи и со Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Од прилепската локална самоуправа апелираат жителите и сите сопственици на имоти, објекти и викенд-куќи во овој дел на општина Прилеп да бидат особено претпазливи, редовно да ја следат состојбата на своите имоти и да постапуваат согласно со препораките на надлежните институции, особено доколку дојде до повторно активирање или проширување на пожарот.

Општина Прилеп останува во постојана комуникација со сите надлежни служби и навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни случувања. Состојбата во моментов е под контрола, а дежурните екипи остануваат на терен и будно ја следат состојбата, се вели во соопштението од локалната самоуправа од Прилеп.

Од три авиони за гаснење пожари, ни останаа два

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот