Деца во Газа чекаат ред за храна/Фото: Saher Alghorra / Zuma Press / Profimedia

Израел одобри влез на меѓународни безбедносни сили во Појасот Газа

Израел ќе дозволи мултинационални безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предвидено со планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави израелски функционер во неделата, еден ден пред заминувањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху за Вашингтон.

Израелскиот безбедносен кабинет во неделата ја одобри правната рамка што ќе овозможи влез на силите во Газа, рече функционерот. Нетанјаху треба да замине за Вашингтон денеска, а средбата со Трамп се очекува во вторник.

Мисијата, наречена Меѓународни стабилизациски сили, ќе брои 200 припадници од „пријателски земји, како Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во областите што не се под израелска контрола. Секој контингент ќе мора одделно да добие одобрение од Израел за влез во Газа.

Засега не е познато кога ќе бидат распоредени силите.

ВИДЕО | Израелскиот министер Бен-Гвир влезе во комплексот на џамијата Ал-Акса со илјадници екстремисти

По две години војна, Газа е во голема мера разурната, а мировниот план што Трамп го претстави по октомврискиот прекин на огнот сè уште е заглавен.

Планот предвидува повеќе хуманитарна помош, палестинска технократска управа, разоружување на Хамас и повлекување на израелската војска.

Израел сега контролира околу 64 отсто од енклавата и најавува проширување на 70 отсто, додека речиси два милиона жители живеат во тешки услови долж крајбрежјето.

Предвидениот Одбор за мир треба да ги надгледува безбедносните сили и пилот-хуманитарната зона.

Николај Младенов оцени дека одлуката е важна за стабилизацијата, демилитаризацијата и воспоставувањето привремена палестинска управа што ќе управува со енклавата.

Израел гради огромен песочен ѕид за да ја подели Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот