Потона виетнамски брод во Јужното Кинеско Море – спасувачи извлекоа 46 членови на екипажот, трагаат по останатите
Вкупно 46 членови на екипажот на потонат виетнамски брод беа спасени во водите во близина на гребенот Јонгшу, дел од островите Нанша во Јужното Кинеско Море, до 21 часот вчера, соопштија властите на јужнокинескиот град Санша. Еден човек бил спасен од виетнамската страна.
Препорачано
Во 20:05 часот, кинеската страна со помош на спасувачки сплавови префрлила 41 спасен човек од кинескиот спасувачки брод „Нанхаи Џиу 115“ на виетнамскиот воен брод „Труонг СА-01“. Преостанатите четворица треба да ѝ бидат предадени на виетнамската страна денеска.
Во саботата, околу 18:23 часот, екипажот на „Нанхаи Џиу 115“, со кој управува Бирото за спасување Нанхаи при Министерството за транспорт, забележал сигнали за помош на море. Откако бил пронајден спасувачки сплав со повеќе луѓе што мавтале со облека и повикувале на помош, бродот се приближил и започнал спасувачка операција.
Според поморските власти на Санша задолжени за пребарување и спасување, сите спасени се виетнамски државјани од бродот „Кои Нгуен 18“, кој претрпел несреќа. Бродот е долг 69,9 метри и широк 10,8 метри, а во моментот на несреќата на него имало 62 луѓе.
Во потрагата и спасувачката операција на местото сè уште учествуваат шест кинески брода, еден спасувачки хеликоптер и седум виетнамски брода.
ВИДЕО | Ветер однесе дете сосе креветче од куќа во Кина — тајфунот Ноул избрка од дома 700.000 луѓе


