Стојанче Ангелов/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Од три авиони за гаснење пожари, ни останаа два

Невремето кое минатата недела го зафати Скопје оштетило и еден ер-трактор со што сега Дирекцијата за заштита и спасување останува со два ер-трактори. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов фирмата што ги сервисира авионите е контактирана и побарано е да испратат нивни механичари.

– Штетата можеби не е голема, но тој сега е надвор од употреба. Стапивме во контакт со фирмата која е задолжена за сервис „Титан“ и побаравме најбрзо што може да испратат механичари. Јас очекувам дека и нашите механичари ќе може да се справат со овој предизвик, но правилата во воздухопловството се многу строги и налагаат да дојде прво нивна екипа тука. Така што во наредните денови третиот ер-трактор ќе го немаме на располагање, но тука се двата полициски хеликоптери и еден армиски хеликоптер, изјави Ангелов за „Сител“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот