Фото Фејсбук приватна архива Алма и Денис Окановиќ
Фото Фејсбук приватна архива Алма и Денис Окановиќ

Телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина пронајдени на Елбрус

На планината Елбрус денеска се пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина по кои се трагаше. Тие беа дел од седумчлена експедиција која без водич се обидела да го искачи врвот.Станува збор за Алма Окановиќ, Денис Окановиќ и Мелиха Чаушевиќ кои се водеа како исчезнати и беше во тек екстензивна потрага по нив.

Како што веќе објавивме, петмината планинари од Босна и Херцеговина загинаа на највисокиот планински врв во Европа и Русија Елбрус. Меѓу загинатите се босанските државјани Алма и Денис Окановиќ, брачна двојка.

Експедицијата во која била брачната двојка, имала 7 члена, и не ангажирала водич, а помош побарале при спуштањето од планината. Двајца членови на експедицијата преживеаа, а руските истражни органи покренаа истрага за околностите на трагедијата.

Рускиот истражен комитет, како надлежен орган, ѝ достави на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Москва официјални информации во врска со несреќата на врвот Елбрус, во која настрада група планинари од Босна и Херцеговина. Според амбасадорот Иван Орлиќ, потврдено е дека седум државјани на Босна и Херцеговина учествувале во искачувањето на врвот на Елбрус.

Еден од членовите на тимот Кемал Видимлиќ се вратил во една од станиците и пријавил дека двајца членови на експедицијата не се чувствуваат добро. Станува збор за Нермин Талам (роден 1982 година) и Алмир Кривдиќ (роден 1963 година), кои починаа. Видимлиќ и Харис Адиловиќ се во болница и добиваат медицинска помош.

Операцијата на планината Елбрус е во тек и во неа учествуваат 16 спасувачи, но нивните напори се отежнати поради исклучително тешките временски услови. Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Нермин Никшиќ најави дека ќе биде прогласена тридневна жалост.

ВИДЕО | Трагедија во Русија: Петмина Босанци загинаа – „Заминавте како што се запознавте, на планинските врвови“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот