Фото: EPA-EFE/David Aguilar

ВИДЕО | Лука Вилдоза е нов кошаркар на Партизан

Аргентинскиот репрезентативец Лука Вилдоза е новото засилување на кошаркарскиот клуб Партизан, објавија црно-белите.

Вилдоза потпиша двегодишен договор со Партизан, а во Белград пристигнува од Виртус, за кого играше во претходните сезони.

Тој освои сребрен медал на Светското првенство во 2019 година со аргентинската репрезентација.

Вилдоза ќе го носи дресот на Партизан од следната сезона, пристигнувајќи како едно од најзначајните засилувања на црно-белите пред новата натпреварувачка година.

Триесетгодишниот аргентински плејмејкер е добро познат на кошаркарските фанови во Србија, бидејќи го носеше дресот на Црвена Звезда во сезоната 2022/2023.

Покрај црвено-белиот дрес, Вилдоза играше за Панатинаикос, Олимпијакос, а пред тоа за Басконија, аргентинскиот Килмес, како и за Милвоки Бакс во НБА.

Во Евролигата, минатата сезона имаше учинок од 7,6 поени, 2,2 скока, 4,4 асистенции и 1,4 украдени топки по натпревар, додека во Серија А забележа 8,1 поен, 3,5 скока и 3,6 асистенции.

Вилдоза е петтото засилување на Партизан ова лето, по Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола и Никола Танасковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот