Фото официјален Фејсбук на градоначалник на Скопје
Фото официјален Фејсбук на градоначалник на Скопје

Во Чаршија откриена плоча во чест на Адолф Циборовски, полски експерт што се залагал таа да остане автентична

Денеска во Старата скопска чаршија беше откриена спомен-плоча во чест на полскиот урбанист Адолф Циборовски како чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Чаир Изет Меџити денеска ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во присуство на неговата внука и претставници од Полската амбасада, во знак на благодарност за неговиот значаен придонес во зачувувањето на еден од највредните симболи на идентитетот на нашиот град.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога од урнатините се создавала новата визија за Скопје, Циборовски бил меѓу меѓународните експерти кои цврсто се залагале Старата скопска чаршија да остане нераскинлив дел од градот.

– Во време кога постоеле идеи историското јадро да биде заменето со целосно модерни градби, тој ја бранел визијата дека Скопје мора да се развива, но притоа да ги зачува својата историја, традиција и препознатливост. Денешната спомен-плоча е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија. Чаршијата е историја, култура, паметење и жив идентитет на Скопје – напиша Ѓорѓиевски, на својот фејсбук профил, порачувајќи дека наша обврска е да ја чуваме, да ја унапредуваме и да им ја оставиме на идните генерации како сведоштво за градот кој знае да се развива, но никогаш не ги заборава своите корени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот