Фото: Зеленски скриншот / X

Австриска министерка со став: Не може Зеленски да диктира кога Украина ќе се приклучи на ЕУ

Австрија е против забрзаното пристапување на Украина во Европската Унија, а австриската министерка за европски прашања, Клаудија Бауер, го критикуваше претседателот Володимир Зеленски, објави ДПА .

„Мојот впечаток е дека во последните неколку месеци, украинскиот претседател честопати привлекуваше внимание сакајќи да го диктира датумот за пристапување во ЕУ“, изјави Бауер.

Таа објасни дека постои обврска внимателно да се разгледа можноста на ЕУ да прифаќа нови членови.

„Пристапувањето на Украина, со своите 39 милиони жители и сосема поинаква земјоделска структура, значително би ја променило ЕУ“, истакна министерката.

И руските и украинските сили напаѓале цели во текот на ноќта – загинале најмалу три лица

Таа, исто така, предупреди на опасноста од создавање „општество во два слоја“ како последица на пристапувањето. Како што рече, сите земји-кандидатки, вклучително и Украина, мора да ги следат истите правила и да го заработат пристапувањето преку сопствени напори.

ЕУ ги започна преговорите за пристапување со Украина кон средината на јуни оваа година.  Зеленски повика на пристапување во ЕУ уште во 2027 година и покрај раширениот скептицизам во некои европски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот