Украински напади со дронови / Фото: принтскрин

И руските и украинските сили напаѓале цели во текот на ноќта – загинале најмалу три лица

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за ноќешните напади , во кои, според официјалните податоци од двете страни, загинале три лица, а најмалку шест биле ранети.

Украинските власти објавија дека две лица се убиени во рускиот напад врз Сумискиот регион, во кој биле оштетени објекти од цивилна инфраструктура, магацини и возила. Уште едно лице е убиено во руското гранатирање на централниот дел на Херсон, објави гувернерот на таа област, Олександр Прокудин, пренесува Н1.

Украинските воздухопловни сили тврдат дека Русија минатата ноќ лансирала две неведувани ракети и 157 беспилотни летала, од кои 128 биле пресретнати или електронски блокирани над северниот, јужниот, источниот и централниот дел од земјата.

Од друга страна, во рускиот Ростовски регион, пет лица биле ранети во она што гувернерот Јуриј Сљусар го опиша како масовен украински воздушен напад.

Според него, противвоздушните одбранбени системи пресретнале неколку дронови и ракети, но остатоците од соборениот авион оштетиле цивилна инфраструктура и предизвикале пожари во неколку згради.

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад во рок од 48 часа

Во регионот Белгород, едно лице е повредено откако во украински напад е погодена деловна зграда, соопштија локалните власти.

Руското Министерство за одбрана објави дека неговите сили собориле 328 украински дронови над територијата на Русија, анектираниот Крим и водите на Азовското Море во текот на ноќта.

Министерството, исто така, соопшти дека руските сили извршиле прецизни напади од воздух и дронови врз воени цели во украинските пристаништа.

Според тие изјави, во пристаништето Николаев бил погоден товарен брод што истоварувал опрема за украинската армија, додека во Одеса била цел на пристанишната инфраструктура за прием и складирање на воен товар, како и складишта за гориво и воена опрема во пристаништето Измаил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот