Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

ВИДЕО | Фјури без милост — Вах го предаде мечот, сега сите го чекаат спектаклот со Џошуа

Британскиот боксер Тајсон Фјури рутински го заврши последниот тест пред долгоочекуваната пресметка со Ентони Џошуа што се најавува за ноември годинава. Во мечот одржан во Тајланд, поранешниот светски шампион го победи искусниот Полјак Мариуш Вах, кој не се врати во рингот на почетокот од осмата рунда.

Фјури уште еднаш покажа дека е во добра форма. Тој ги завршува подготовките во Тајланд, каде што ја темпира својата форма за продолжување на кариерата и најголемиот британски боксерски спектакл во последните години.

Фјури се врати на рингот на почетокот на годината откако се повлече од боксот, а во април го победи Арсланбек Махмудов, со што направи уште еден чекор кон долгоочекуваниот дуел со Џошуа.

Сега е редот на поранешниот светски шампион Ентони Џошуа, кој ќе ги вкрсти ракавиците со Кристијан Пренг во Саудиска Арабија во сабота. Мечот претставува последен тест пред пресметката што љубителите на боксот ја чекаат со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот