Бујар Османи - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бујар Османи / Фото Слободен печат / Методи Здравев

Муцунски го потврди она за што четири години трпам критики, вели Бујар Османи

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на „Фејсбук“ ја коментираше денешната изјава на актуелниот шеф на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, околу евроинтеграцијата на земјава.

„Еве четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат – Протоколот не е дел од рамката. Продолжуваме понатаму…“, напиша Османи во објавата, откако актуелниот министер, Тимчо Муцунски денеска рече дека според него, и како министер и како правник, протоколите, односно записниците од разговорите, не се дел од Преговарачката рамка.

Османи објави и видео со делот од изјавата на Муцунски.

Муцунски: Има позитивен импулс, но сѐ уште нема решение за деблокада на преговорите со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот