Александар Вучиќ / Фото: принтскрин / видео/ ртс

Вучиќ: Америка ги укина царините за Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американските царини за Србија ќе бидат привремено укинати од ноќеска додека траат преговорите со САД, пренесе РТС.

Вучиќ изјави дека американските царини од 35% за Србија предизвикале многу проблеми за домашните компании, но дека тие од вечерва ќе бидат укинати, односно ќе бидат „намалени на нула проценти“.

„Од вечерва, царините за Србија се нула проценти, за одреден период. Секако во иднина тие ќе бидат, мислам, помеѓу 10 и 12, но засега и за некое време додека траат разговорите, тие ќе бидат нула проценти“, изјави тој за РТС.

Новата одлука, според Вучиќ, би можела да донесе „буквално стотици милиони долари нови инвестиции“, наведувајќи дека очекува нови инвестиции од компаниите што веќе работат во Србија, но и дека тоа ќе испрати силен сигнал до другите јапонски, корејски и други странски инвеститори.

Пред речиси една година, САД воведоа царина од 35 проценти за увоз на стоки од Србија.

„Мило ми е за гордоста на Србите, ова е важна вест“

Зборувајќи за разговорите со американската администрација, Вучиќ изјави дека Србија има интензивни контакти со претставниците на САД, заблагодарувајќи му се на државниот секретар Марко Рубио, но и на претседателот на САД, Доналд Трамп, нагласувајќи дека тој постојано емитувал делови од своите интервјуа и покажувал внимание кон Србија.

„Ова сега отвора нова ера во нашите односи“, оцени Вучиќ.

Тој нагласи дека е изненаден од тоа колку позитивно реагирале граѓаните на веста.

„Исто така ми е мило за гордоста на Србите, за достоинството на нашиот народ и оваа земја. Не верував дека луѓето ќе бидат толку среќни. Да бидам искрен, мило ми е за тоа“, изјави Вучиќ.

Тој потсети дека многу земји, како што се Швајцарија и Израел, добиле царински давачки од 12,5 проценти, нагласувајќи дека дури и такво ниво би било значително поповолно за Србија во споредба со претходните 35 проценти.

Вучиќ тргнува во кампања за премиер, ќе оди со „шкодата“ зашто е многу скромен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот