Фото: Фејсбук / Crna kronika Hrvatska / скриншот

ВИДЕО | Инцидент на плажа во Хрватска, газдата и неговиот син нападнале турист дојден со мали деца

Турист кој во саботата со семејството бил на плажа во хрватското место Тучепи кај Макарска, тврди дека концесионерот на плажата и неговиот син го нападнале откако поставил свои лежалки на дел од плажата. Тој вели дека дошол со сопругата и двете деца, бебе старо месец и пол и дете од две и пол години, но наишол на грубост и насилство, пишува „24сата“.

„Дојдовме на празна плажа и ги поставивме нашите лежалки на слободно место. Ни пријде едно момче и ни рече дека не можеме да бидеме таму бидејќи тие работеле на тој дел. Рече дека ќе повика комунален редар, а јас му одговорив слободно да го повика. Потоа дојде друг маж, почна да вика и да се заканува дека ќе завршиме во морето. Почнав да го снимам, а тој збесна и ги разфрла нашите лежалки. Кога престанав да снимам, тој и уште еден маж ме нападнаа, ме соборија на земја и почнаа да ме удираат. Гостите дотрчаа и ги спречија“, вели туристот, кој според говорот, е од Босна и Херцеговина.

Полицијата потврди дека на плажата во Тучепи било евидентирано нарушување на јавниот ред и мир и дека против двајца полнолетни хрватски државјани ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Во инцидентот никој не е повреден.

„Според утврдените информации, причина за нарушувањето на јавниот ред и мир бил конфликт меѓу две лица околу начинот на користење на дел од плажата на кој се врши дејност за изнајмување опрема за спортови на вода“, соопшти сплитско-далматинската полиција, според „24сата“.

Драма во Хрватска: желка каснала тројца капачи, меѓу нив и дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот