Минимален пораз на Шкендија во Љубљана
Фудбалерите на Шкендија претрпеа минимален пораз (2-1) во Љубљана на гостувањето кај Браво во втората рунда од квалификациите за Конференциската лига.
Тетовците поведоа во 11. минута по пеналот на Красниќи, но водството им траеше само до 19. минута кога Копатин израмни. Шкендија имаше шанса да поведе во самиот финиш на првото полувреме преку Нзенге, но голманот на Браво одбрани. Словенците пак, во првиот дел се закануваа преку Нухановиќ и стрелецот Копатин, но на паузата резултатот остана 1-1.
Препорачано
Второто полувреме започна лошо за Шкендија, Браво поведе во 56. минута преку Станковиќ. По погодокот, Словенците не биеја ниту еднаш кон голот на тетовци. Шкендија во второто полувреме упати шест удари кон голот на Браво, но не успеа да го совлада голманот Розман. Најголемата шанса ја имаше Сенегалецот Фабрис Тамба кој ја погоди пречката. Сепак, натпреварот заврши 2-1, а Шкендија ќе брка негатива следниот четврток на арената „Тоше Проески“ во Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
32мин
-
43мин
-
53мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


