Ер трактор / Фото: ДЗС

ВИДЕО | Голем шумски пожар гори над скопското село Копаница, го гаснат авиони

Голем пожар гори на падините над селото Копаница, во општината Сарај, а тој и вечерва претставува сериозен предизвик за противпожарните служби, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Ер трактор“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен.

Пожарникарите и тимовите на ДЗС координирано работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото ширење кон околните населени места. Поради сложеноста на теренот и временските услови, интервенцијата се одвива со максимална мобилизација на расположливите ресурси.

Надлежните институции соопштуваат дека состојбата на терен постојано се следи и дека сите капацитети остануваат во приправност сè додека пожарот не биде целосно ставен под контрола.

Апелот до граѓаните е да не се движат во близина на зафатеното подрачје, да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат нови жаришта или сомнителни активности што би можеле да предизвикаат пожар.

Трагедија во Кичево: 37-годишен човек загина во пожар во стан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот