Авион илустрација / Profimedia

Авион на „Пан Ам“ што се урнал пред 74 години е пронајден на дното на Атлантскиот Океан

Истражувачки тим ги пронашол остатоците од авион на „Пан Ам“ кој се урнал пред 74 години во близина на Порторико, објави „Еј-би-си њуз“.

„Дискавери чанел“ вчера објави дека истражувачите минатиот месец ги пронашле трупот и опашката на авионот на длабочина од 610 метри.

Несреќата на авионот „Клипер Ендевор“, во која загинале 52 луѓе, подоцна придонела да се воведат важни безбедносни мерки во авијацијата, како што се упатствата кои стјуардесите им ги даваат на патниците пред секој лет.

Патниците кои ја преживеале несреќата во 1952 година раскажале дека сите го преживеале принудното слетување на водата, но потоа настанала паника.

Многу патници не можеле да ги најдат елеците за спасување, а екипажот едвај успеал да ги извлече чамците за спасување.

Авионот потонал за неколку минути.

„Овој случај стана катализатор и помогна да се забрза воведувањето на безбедносни мерки, како подобра опрема за спасување и безбедносни брифинзи пред летот“, изјави експертот за воздухопловна безбедност Џон Кокс.

Пронајдените остатоци би можеле да им влеат нова надеж на семејствата кои ги загубиле своите блиски во други несреќи над океанот, како што е случајот со летот 370 на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна пред 12 години со 269 луѓе во авионот.

Единаесет години без одговор: Се обновува потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370

Како бил пронајден авионот?

Клучот за пронаоѓањето на остатоците бил во записите од Порторико поврзани со истрагата за несреќата, како и во мапата со проценетата локација на падот, која ја изработиле пилоти на американските воздухопловни сили.

Тие биле сведоци на несреќата бидејќи случајно се наоѓале во областа за време на тренинг лет.

Лошото време ја попречило претходната потрага во 2024 година, кога бил користен сонарен систем влечен зад брод.

Еден од водачите на истражувањето, Рас Метјуз, изјавил дека сонувал да направи втор обид за пронаоѓање на авионот пред 75-годишнината од несреќата, со помош на новите напредни дронови, првично развиени за воени цели, како што е пронаоѓањето мини под вода.

Тони Ромео, извршен директор на компанијата за подводни истражувања „Дип си вижн“, извесно време разговарал со Метјуз за можноста да помогне во потрагата по авионот доколку некој од неговите бродови се најде во областа.

Во април, еден од бродовите случајно поминувал покрај Порторико, носејќи напреден подводен дрон со соодветни сензори за пронаоѓање на авионот.

„Ете нè таму, и во тој момент сè се совпадна – доброто време, вистинскиот тим, соодветната опрема и бродот. Затоа решивме да се обидеме“, изјави Ромео.

„Дип си вижн“ претходно предводеше неуспешна шестмесечна потрага по авионот на Амелија Ерхарт, но Ромео имал посебен интерес за овој случај бидејќи неговиот татко бил механичар и пилот во „Пан Ам“. 

Сите истражувања што ги направила групата на Метјуз, заедно со податоците за временските услови во моментот на несреќата, биле обединети за да се изработи мапа со најверојатната локација на исчезнатиот авион.

Дронот ги пронашол остатоците уште при првото поминување над областа, иако истражувачите не знаеле за тоа сè додека дронот не се вратил на површината со снимките.

„Навистина се чувствувам среќен што можевме да бидеме дел од оваа експедиција“, изјави Гејтс.

Пронајдени остатоците од авионот што се урна на Алјаска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот