кк МЗТ Скопје - кк Маџари / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Слобода Ужице е првиот противник на МЗТ во АБА 2 лигата

Како што се приближува почетокот на подготовките, така полека македонскиот кошаркарски шампион ги дознава обврските што го очекуваат во историската сезона, во која по долго време ќе настапува на три различни фронта.

Првиот распоред што го добија „металците“ е оној за АБА2 лигата, каде што повторно ќе се игра по систем со четири групи.

Првопласираните екипи директно ќе обезбедат место во плејофот, додека второ- и третопласираните ќе мора да поминат низ плејин-фазата.

Ждрепката на МЗТ му донесе ривали од Словенија, Србија и Црна Гора, а авантурата во регионалното натпреварување ја почнуваме на крајот од септември.

АБА2 лига
Група Ц

1 коло МЗТ Скопје Аеродром – Слобода Ужице
2 коло Сутјеска Електропривреда – МЗТ Скопје Аеродром
3 коло МЗТ Скопје Аеродром – Триглав Крањ
4 коло Триглав Крањ – МЗТ Скопје Аеродром
5 коло Слобода Ужице – МЗТ Скопје Аеродром
6 коло МЗТ Скопје Аеродром – Сутјеска Електропривреда

Во периодот што следува МЗТ ги очекува и распоредите за ФИБА Еврокупот и домашната Суперлига. Во меѓувреме се продолжува интензивно да работи на комплетирањето на ростерот, со јасна цел – да се изгради тим што достојно ќе претставува МЗТ и македонската кошарка на сите три фронта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот