Фото: Слободен печат

По Гостивар, аларм и во Валандово — арсенот во водата за пиење е над дозволеното ниво

Од претпријатието за „Слободен печат“ велат дека моменталното ниво на арсен во водата изнесува 14, а максималната граница е 10. Моментално се земени нови мостри и резултатите од нив ќе бидат готови во петок.

По скандалот со водата во Гостивар, денеска зголемено ниво на арсен е пронајдено во водата за пиење во Валандово.

Од ЈП „Комунален сервис“ Валандово предупредија водата да не се користи за пиење се додека не се добијат резултатите кои ќе ја потврдат нејзината исправност.

Од претпријатието за „Слободен печат“ велат дека моменталното ниво на арсен во водата изнесува 14, а максималната граница е 10. Земени се нови мостри и резултатите од нив ќе бидат готови во петок.

„Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена“ соопштија од ЈП „Комунален сервис“ Валандово.

Осомничените за труењето на гостиварци одат 30 дена во „Шутка“, судот им определи притвор

Оттаму апелираат сите граѓани да ги почитуваат дадените препораки до добивање на официјално известување дека водата е безбедна за употреба.

„Слободен печат“ дознава: Водоводната мрежа во Гостивар може да се врати во функција за една до две недели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот