Базен - Карпош - Спортски центар Борис Трајковски - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Базен - Карпош - Спортски центар Борис Трајковски - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

ФОТО | Затворен е базенот во СЦ „Борис Трајковски“ поради големите штети од невремето

По големото невреме кое вчера го зафати Скопје, меѓу бројните објекти кои претрпеа големи штети е и базенот при СЦ „Борис Трајковски“, каде сериозно бил погоден покривот на објектот.

Оштетен покривот на базенот при СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: Приватна архива

Од спортскиот центар денеска информираа дека пливачкиот базен претрпел голема материјална штета и поради тоа објектот ќе биде затворен на неопределено време.

„Поради невремето кое во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на базенот и истиот нема да биде во функција. Благодариме за разбирањето“, се вели соопштението.

Базенот при СЦ „Борис Трајковски“ по невремето / Фото: Приватна архива

Базенот „Карпош“ наскоро оди на „ремонт“, се бараат алтернативи за пливачите кои пак ќе останат на суво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот