Фото: Milos Miskov / AFP / Profimedia

Македонски камионџија уапсен во Србија — удрил во возач на Брза помош, кој заврши тешко повреден

Српската полиција денеска уапси државјанин на Македонија, кој со камион удрил во возач на Брза помош, објави „Нова“.

Според информациите од Полициската управа во Лесковац, тој бил пронајден и приведен откако со камионот удрил во возачот на возилото на Брза помош на лентата за принудно запирање кај Грделица. На осомничениот му било одредено задржување до 48 часа.

Несреќата се случила вчера попладне кај Грделица, кога се расипало возилото на Брза помош кое превезувало 10-годишно момче од Врање кон Ниш.

Возачот излегол од возилото за да го отстрани дефектот, кога во него налетал камион.

Според досегашните информации, камионот удрил во отворената врата на возилото, а вратата го удрила возачот.

Тој паднал и си ја удрил главата во бетон, по што бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш со тешки повреди.

Докторка која случајно наишла на местото на несреќата го зела момчето, за кое постоело сомнение дека има воспаление на слепото црево, и го однела со својот автомобил до Ниш.

Две Македонки ограбиле златарница во Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот